Home / Вести / Притвор за (пре)продавач на хероин

Притвор за (пре)продавач на хероин

                       

Битолската полиција  деновиве  при извршен претрес во неговиот дом пронашле наркотична дрога хероин спакувана во две полиетиленски паткувања, од 17, 70 грама и 0,37 грама.

Според полицијата осомничениот дрогата ја набавил од засега непознато лице, а ја држел неовластено заради (пре)продажба.

Според Обвинтелството со  32  годишниот битолчанец  го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

            Јавниот обвинител по документирањето на случајот од Основното јавно обвинителство Битола  до судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола достави предлог за определување на мерката притвор. Предлогот беше прифатен и Судот со решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*