Home / Економија / Продадени 11 парцели во индустриската зона “ Жабени“

Продадени 11 парцели во индустриската зона “ Жабени“

        Во индустриската зона „ Жабени “ продадени се 11 градежни парцели.

На јавниот повик  за продажба на парцелите во индустриската зона “ Жабени “ што го распиша Општината се пријавија вкупно 11 заинтересирани кои купија градежни  парцели.

Од продажбата на 11- те парцели јавното претпријатие “ Жабени “  треба да инкасира средства  со кои ќе може конечно да се одблокира.

Инаку парцелите кои се продадени на јавниот повик во индустриската зона “ Жабени “ се парцели кои пред неколку години ги имаа купено некои инвеститори, кои од засега само ним познати причини не почнаа воопшто  со градба, па општината мораше да им ги одземе.

Покрај парецлите во “Жабени“ општината продаде и две парцели на Новачки пат и 1 во АРМ.

Од продажбата на овие парцели локалната самоупрва треба да инкасира 12.687,069 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*