Don't Miss
Home / Uncategorized / Протест на Македонците пред ООН за името

Протест на Македонците пред ООН за името

Движењето „Ние сме Македонија“ денеска одржа мирен протест пред главниот влез на зградата на Обединетите Нации во Њујорк, каде утринава, по локално време, делегации на Грција и Македонија под медијација на посредникот на ОН Метју Нимиц, разговараа за спорот околу името, јави дописникот на МИА од САД.

На протестот се собраа околу педесетина претставници на македонската дијаспора во САД. Тие ја интонираа химната на Република Македонија, извикуваа пароли, пееја песни и вееја македонски знамиња. Мето Колоски, претседател на Обединета Македонска Дијаспора најави помасовни и глобални протести против наводната промена на уставното име на нашата земја.

– Се собравме овде Македонци од Њујорк, Њу Џерси, Мериленд и Вашингтон да побараме од Владата и Собранието на Македонија да ги прекинат разговорите за промена на името – изјави Колоски.

Според него, голем дел од Македонците во дијаспората се против промена на уставното име на Македонија.

– Нашето име е вековно и нашиот идентитет, јазик и култура се македонски. Македонците од цел свет се будат со движењето „Ние сме Македонија“ и бараме што повеќе наши сонародници да ни се придружат – рече Колоски.

Од ОМД повикуваа на протести пред македонските амбасади и конзулати ширум светот.

– Ги повикуваме и Македонците во Македонија да се разбудат и да не дозволат промена во нешто што не сме, порачаа од ОМД.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*