Рускиот претседател Владимир Путин, кој пред малку се слушнал со претседателот на САД, Доналд Трамп вели дека заразата со корона вирусот е опасна болест и дека двете земји се договориле заедно да се борат со пандемијата.
Тој во целост ги поддржа мерките на градоначалникот на Москва за воведување на остри мерки и најави дека истите мерки за самоизолација ќе ги оредложи за цела Русија, во која моментно се заразени 1.863 лица а починале само деветмина.