Don't Miss
Home / Вести / Работни активности за реконструкција на спортските игралишта кај ОУ „Елпида Караманди“

Работни активности за реконструкција на спортските игралишта кај ОУ „Елпида Караманди“

Реализацијата на проектот за реконструкција на спортските игралишта кај ОУ „Елпида Караманди“, се одвива согласно предвидената динамика, информираат од Битолската локална самоуправа.

Оттаму додаваат дека деновиве, интензивно се работи на ископ и гребење на стариот и значително оштетен асфалт, а отстранети се и оградите.

На овој начин, се овозможува соодветно прилагодување на теренот за изградба на новите терени за фудбал, кошарка и одбојка, како и фитнес зона и патека за трчање. Овој проект, произлегува од заложбата на локалната самоуправа за создавање на подобри услови за спортување за учениците и младите и развивање на нивниот спортски и натпреварувачки духвелат од Општина Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*