Don't Miss
Home / Uncategorized / Распишан тендер за проширување на Ветерниот парк Богданци

Распишан тендер за проширување на Ветерниот парк Богданци

АД ЕСМ  распиша тендерот за проширување на ветерниот парк Богданци.

Според соопштеноето на АД ЕСМ на 29 јануари  АД Електрани на Северна Македонија објави Повик за претквалификација за инженеринг, набавка и изведба – ЛОТ1 (ветерни турбини и фундаменти) и ЛОТ2 (пристапни патишта, кабловска мрежа) за проектот Парк на ветерни електрани Богданци II фаза.

АД ЕСМ ги информира сите заинтересирани компании да се пријават на порталот за е-набавки на GTAI (Germany Trade & Invest) која е економска развојна агенција на Сојузна Република Германија (www.gtai.de).

 Заинтересираните компании треба да се регистрираат на порталот во делот наменет за проекти финансирани со кредити од KfW банка и да изразат интерес за овој проект. Набавката и евалуацијата ќе се изведуваат според правилата на KfW банка. Условите за учество се вклучени во документите прикачени на порталот.

Рок за доставување на апликациите е 2 март 2020 година.

Со II-та фаза се врши зголемување на капацитетот на постоечкиот парк на Ветерни

Електрани Богданци за дополнителни 13.2-15 MW. Планираната инвестиција на

проектот е 21 милиони евра, од кои 18 милиони евра од германската KfW банка и

3 милиони евра средства на АД ЕСМ, се вели во соопштението на АД ЕСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*