Денеска во Скопје продолжува судењето во случајот “ Транспортер“. На денешното рочиште треба да биде распрашана сопственичката на “ Транскоп “ Патнички сообракај Елпида Крстевска, која според дел од обвинетите е таа која најмногу профитирала од “ Транспортер “ и која имала најдобри деловни релации со градоначалникот Владимир Талески и секретарот Слобода Бончановски.
На обвинителна клупа денеска треба да седнат обвинетите во предметот на Специјалното Јавно Обвинителство „Транспортер“.
Поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица во овој случај се товарат за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.