Home / Вести / Реакција на СДСМ за ставовите на Поинаку

Реакција на СДСМ за ставовите на Поинаку

-И покрај фактот што во Општина Битола постои Комисија за проценка на штети од елементарни непогоди, денеска по итна постапка ги разреши сите членови на оваа комисија и на нивно место изгласа нови. Не ја зеде во предвид ниту забелешката на СДСМ во веќе постоечката комисија да бидат вметнати членовите што ги предложи владеачката коалиција на ДПМНЕ и Поинаку.  Ова е континуитетот на ДПМНЕ, ова е континуитетот на градоначалникот Коњановски. Се што било од времето на СДСМ да се смени, требало не требало”. СДСМ нема да биде алиби на ДПМНЕ и Поинаку во чистаката што ја спроведуваат на сите нивоа и затоа гласаше воздржано. Бездруго, ДПМНЕ и Поинаку се доволно добро координирани и “уиграни”за да ги изгласаат сите точки на седниците на Советот на Општина Битола, без да земат во предвид било чие друго мислење.  

Што се однесува до најавите за барање поддршка од Владата на Република Северна Македонија во санирање на штетите од земјотресот во Битола, ги уверуваме ДПМНЕ и Поинаку дека може да бидат спокојни. Владата предводена од СДСМ секако дека ќе помогне колку што може, каде што може за нормализирање на состојбите во Битола по земјотресот што го погоди градот синоќа. Тоа е одговорно, тоа е солидарно. Без разлика што обраќањата до Владата за помош Поинаку до пред само еден месец, кога беше во опозиција, ги сметаше за неспособност и неподготвеност на локалната самоуправа да се справи со состојбите.”, стои  во реакцијата на СДСМ Битола.

Како и да е ваквите препукувања не му користат никому во овој момент, кога најголемиот број битолчани се справуваат со старвот кој го претрпеа од земјотресот, кој е многу поголем отколку материјалната штета.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*