Минатата година, на 18 април, за време на посетата на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини и членовите на Управниот одбор Владимир Гашевски и Златко Талевски и Управата на Пелистер на Општина Битола, на средбата со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски беше речено дека рефлекторското осветлување на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, обезбедено од страна на ФФМ во рамките на програмата „Хет – трик четири“ ќе биде завршено до почетокот на месец јуни, кога ќе светнат рефлекторте на стадионот под Тумбе кафе.
На состанокот беше договорено во периодот што следува да бидат финализирани потребните постапки и рефлекторите да бидат поставени и ставени во функција во месец јуни.
Но оттогаш поминаа повеќе од 10 месеци, а од поставувањето на рефелекторите сеиште нема ништо.
Тие стојат легнати на патот кој води над Јужната трибина и чекаат да бидат поставени.
Засега нема информации кои се причините што не се монтираат рефлекторите и кога тие воопшто ќе бидат поставени.
Тоа што е загрижува е што поради рефлекторите кои чекаат да бидат поставени не може да се доизгради патоткој води до Касарната и да се асфалтираа улицата која треба да го растерети сообраќајот.
Доколку продолжи ваквиот однос на надлежните за (не)поставување на рефлекторите може лесно да се случи тие едноставно да ги снема, затоа што собирачите на отпад веќе им се намерачиле на рефлекторите и можат да ги исечат и продадат за старо железо.
Тоа што загрижува е што во очајна состојба е и пострибинскиот дел на Јужната трибина, која е оставена на забот на времето и едноставно се распаѓа.