Don't Miss
Home / Uncategorized / РЕК “ Битола “ ја доби Нацрт “А“ интегрирана еколошка дозвола

РЕК “ Битола “ ја доби Нацрт “А“ интегрирана еколошка дозвола

РЕК Битола е  на чекор до добивањето на “А“ дозволата  за усогласување со оперативен план.

Ова се вели во соопштението што АД ЕСМ, Подружница РЕК „Битола“  со кое најголемиот електро енергетски комбинат во државата ја известува јавноста дека Нацрт “А“ дозволата за усогласување со оперативен план е објавена на официјалната веб – страна на Министерството за животна средина и просторно планирање http://www.moepp.gov.mk/.

Информации во врска со Нацрт “А“ дозволата за усогласување со оперативен план,  јавноста може да добие во Министерството за животна средина и просторно планирање (e-mail B.Tateshi@moepp.gov.mk).

Според соопштението засегнатата јавност, во рок од 14 дена, од денот на објавата, има право да достави мислења и коментари во писмена форма до Министерството за животна средина и просторно планирање, Плоштад на Пресвета Богородица 3, 1000 Скопје.

Објавата на Нацрт “А“ дозволата за усогласување со оперативен план е плод на динамични и содржајни преговори помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и РЕК “Битола“.

Оперативниот план содржи редица на мерки и активности кои РЕК “Битола“ се обврзува да ги исполни во даден временски период, со цел производството на електрична енергија да биде во согласност со еколошките стандарди на Европската Унија.

 Документот ја потврдува заложбата на АД ЕСМ и Подружницата РЕК “Битола“, а со тоа и Владата на Република Северна Македонија како сопственик на компанијата, за системски и систематски чекори во борбата за чиста животна средина.

Инаку, апликацијата за добивање на “А“ интегрирана еколошка довола, РЕК “Битола“ ја испрати до Министерството за животна средина и просторно планирање во нември 2007 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*