Don't Miss
Home / Uncategorized / Реконструирана спортската сала во ОУ “ Трифун Пановски “

Реконструирана спортската сала во ОУ “ Трифун Пановски “

По подолго време исчекување спортската сала во основното училиште „Д-р Трифун Пановски” ја доби својата функционалност за околу 300 ученици..

Од изградбата на салата во 1956 година, не беше изведена никаква реконструкција, а во дел од неа беа оштетените ѕидовите, насекаде имаше влага, а од подот и таваните излегуваа огромни дупки, со што практично во неа не беше можно да се изведува настава по физиччко образование.

Со средства од Општина Битола, салата конечно доби нов лик, а за прв пат, покрај салата, учениците добија нови соблекувални и реновирани скали.

-Ги завршивме реконструктивните зафати во спортската сала на ОУ „Д-р Трифун Пановски”, во кои општината вложи повеке од 1.500.000 денари. Оваа сала од 1956 година практично била оставена на забот на времето. Околу 300 ученици ,кои учат во ова  училиште ке имаат можност да изведуваат настава по физичко воспитување, посочи  градоначалничката Наташа Петровска.

Наставниците по физичко воспитување потенцираа дека сега и самите ученици се многу срекни затоа што во зимскиот период  ќе можат да изведуваат настава во нова, реконструирана  и топла сала.

„Училиштето долги години имаше потреба од оваа спортска сала, бидејки наставата се одвиваше надвор. Според програмата, дел од активностите по физичко образование се предвидени да се одвиваат во спортска сала, така што сега ќе може и тоа да го реализираат, истакна директорот на ОУ „Д-р Трифун Пановски”, Пеце Димовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*