Во Новаци официјално почна реконструкцијата на патот Битола – Новаци, кој води и до РЕК „Битола “ во должина од околу еден километар.
Се работи за реконструкција на патниот правец кој пред една година, за време на големите поплави кои ја зафатија општината Новаци беше доста оштетен, на едно место дури и прекинат.
Со реконструкицјата покрај тоа што патот ќе биде целосно саниран и обновен овој патен правец, во исто време ќе биде и санирано свлечиштето на истиот пат, кое се јави пред неколку години.
Вкупната вредност за реконструкцијата на патот ќе изнесува околу 30 милиони денари, средства што ги обезбеди јавното претпријатие за државни патишта.
– Ја започнавме реконструкцијата на еден од најфрекветните патни правци во Пелагонија кој води до РЕК. На овој пат постои свлечиште, но, и дополнително беше оштетен за време на минатогодишните поплави кога беше пресечен на две места и беа направени пропусти Ф 1500 за истекување на водата. Станува збор за инвестиција вредна 30 милиони денари, а средстата се обезбедени од ЈП за Државни патишта на РМ, рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.
Градежните работи кои ги изведува градежната компанија „Гранит” се очекува да бидат завршени за еден месец.
Б.В.