Don't Miss
Home / Вести / Рекордни 1.347 новозаболени

Рекордни 1.347 новозаболени

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие се потврдени 1.347 нови случаи на Ковид-19, односно, ова е рекордна бројка на регистрирани случаи годинава. Регистрирани се 643 случаи во Скопје, 90 во Куманово, 85 во Прилеп, 61 во Велес, 56 во Охрид, 50 во Битола, 47 во Кавадарци, 40 во Тетово, 35 во Гостивар, 34 во Гевгелија и 30 во Штип.

Потоа, 25 случаи на Ковид-19 се регистрирани во Струмица, 19 во Неготино, 15 во Кочани, 13 во Кичево, 12 во Радовиш, осум во Пробиштип, по седум во Струга, Крива Паланка, Ресен, Делчево, Виница и Валандово, по шест во Свети Николе, Дебар и Македонски Брод, по четири во Берово, Богданци, Демир Капија и Демир Хисар, по три во Крушево и Пехчево и два во Кратово.

Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале 17 лица на возраст од 23 до 90 години, односно, осум пациенти од Скопје, двајца од Прилеп и по еден од Штип, Кочани, Куманово, Охрид, Кичево, Крива Паланка и Виница. Од пријавените, 16 лица се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.

Регистрирани се 451 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 245, Прилеп – 40, Кавадарци – 23, Гевгелија – 19, Штип – 17, Неготино – 16, Кочани – 12, Тетово и Велес – по 11, Гостивар и Струмица – по 10, Куманово – 9, Битола – 7, Демир Капија – 5, Берово – 4, Пробиштип и Богданци – по 3, Кратово – 2 и по 1 од Ресен, Дебар, Крушево и Македонска Каменица.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 122.227, бројката на оздравени пациенти е 102.652, на починати е 3.545, а бројот на активни случаи изнесува 16.030“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 599.782 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 4.096 тестови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*