Home / Вести / Репродукција на францускиот уметник Жан Пејрисак ќе го краси ѕидот на Општината

Репродукција на францускиот уметник Жан Пејрисак ќе го краси ѕидот на Општината

                       

Францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер и битолскиот градоначалник Тони Коњановски ја открија голема репродукција, диптих, составена од две дела на францускиот уметник Жан Пејрисак (1895-1974) која ќе краси дел од внатрешните ѕидови на битолската општинска зграда. Репродукцијата насловена „Бреговите на Драгор во Моностар“ е изработена од дела што авторот ги насликал во Битола во 1917 година кога бил дел од француската армија која се борела на Македонскиот фронт во Првата светска војна. Пејрисак е претставник на француската модерна уметност од 20 век, а во неговите дел има и елементи на кубизмот.

-Ова дело е симбол на пријателството меѓу нас. Таа приказна за нашето пријателство е долга, но станува уште подлабока и почовечка. Оваа фреска е составена од репродукции на дела кои ја претставуваат старата битолска чаршија и бреговите на Драгор. Жан сакал да студира медицина, но започнала војната и се пријавил како доборволец, а во 1917 година бил испратен на Македонскиот односно Солунскиот фронт во Солун и Битола. Неговите спомени од Солунскиот фонт го следат засекогаш. Во делата ќе престави многу мотиви од Битола. Преку оваа фреска Жан повторно се врати во градот кој толку силно го има приврзано“, рече францускиот амбасадор Бомгартнер.

Репродукцијата е откриена по повод празнувањето на 104 годишнината од крајот на Првата светска војна. По војната Жан се разболил од маларија и жолтица, а откако е излекувал заминал да живее во Алжир и творел цело време, претежно мотиви од војната. Авторските права за делата ги иотстапи семејството Пејрисак, чија внука Стефани рече дека се почестени што сеќавањето на нејзиниот дедо од средбата со македонскиот народ ќе бидат присустни во очите на многу посетители преку ѕидовите на битолската Општина. Репродукцијата ја направи уметничкото ателје Солак, а иницијативата за проектот ја даде историчарот од Франција Ерик Алан.

-Ова е уште една потврда за нашата соработка во делот на културата и уметноста. Ова дело потекнува од 1917 година и отсликува еден мошне значаен период за Битола. Верувам дека ќе претставува вистинска атракција за многу гости кои ќе ја посетат Битола и ќе сведочи за добрата меѓународна соработа која ја негува Општината“, рече градоначалникот на Битола, Тони  Коњановски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*