Don't Miss
Home / Uncategorized / Решен проблемот со преминување на пешаците на “Васко Карангелевски”

Решен проблемот со преминување на пешаците на “Васко Карангелевски”

                            

          На барање на три здруженија на граѓани и ОСБСП-Битола деновиве е решен проблемот за безбедно минување на пешаците на улицата “ Васко Карангeлевски “ кај ОУ “ Елпида Караманди “ и дневниот центар, за децата со посебни потреби.

          Ваквото сообраќајно решение е направено по поднесената петиција на околу 6.500 битолчани, која беше потпишана уште пред  една и пол година во рамките на кампањатаСтоп сакам да поминам”,

Пешачкиот премин сега е соодветно регулиран и безбеден за минување на пешаците во овој дел на градот, тргнувајќи кон ОУЕлпида Карамандии дневниот центар за деца со посебни  потреби. Сакам да им се заблагодарам на потписниците на петицијата. Во градот има други 8 точки, локации кои треба да побудат интерес кај надлежните да ги регулираат пешачките премини, порача Мите Ристов, од ЗдружениетоГеосфера”.   

Професорката Јасмина Талевска од ОСБСПБитола им порача на надлежните да извршат времена прекатегоризација на уличната мрежа.

Апелирам до советниците да подразмислат и да изнајдат начин за времена промена на функционалната категоризација со што би можеле да добиеме подобри решенија од ова. Затоа проектантот   се одлучи за оваа решение како единствено можно за ваква категорија на улици, рече професорката Јасмина Талевска од ОСБСПБитола.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*