Don't Miss
Home / Uncategorized / Само среќата го спасила битолскиот ловџија

Само среќата го спасила битолскиот ловџија

Битолскиот ловџија М.С.(35) кој со прострелна рана во пределот на стомакот бил донесен во Клиничката болница во Битола само среќата го спасила од сигурна смрт, тврдат лекарите кои го оперирале М.С. во клиничката болница во Битола.

Според хирургот Димче Кузмановски кој ја извршил операцијата куршумот да бил само 1 сантиметар лево или  десно и ловџијата М.С да не бил брзо транспортиран во болницата последиците би можеле да бидат трагични.

Инаку според болнички извори ловџијата кој бил опериран рано изутрината сега е во стабилна состојба и е надвор од      животна опасност.

Засега ниту од  битолската полиција, ниту пак од Основното јавно обвинителство не излегуваат во јавноста со детали како се случило ранувањето на ловџијата.

Но од извори блиски до истргата дознаваме дека ловџијата М.С.(35)  заедно со неговиот другар биле на лов. Тие кај местото викано Ѓавато го паркирале возилото, а загарот кој ги придружувал  тргнал да брка дивеч. Во еден момент кога двајцата  ловџии виделе дека нема ништо од ловот одлучиле да си одат и  наводно почнале да викаат по загарот.

Тогш М.С. ја потпрел  пушката на возилото, која нешто подоцна паднала и испукала еден куршум.

Куршумот го погодил ловџијата М.С. во пределот на левата страна на слабината и удрил во коската од карлицата, што било доволно да се амортизира ударот, бидејќи во спротивно можел да му нанесе тешки повреди на кичмениот столб, што можело да доведе дури до парализа.

Но благодарение на ангажирањето на битолските хирурзи спасен е животот на ловџијата М.С. кој сега се чуствува добро.

Инаку М.С. бил искусен ловџија, кој долго време имал искуство во ловот. Со пријателот кој бил со него тие често пати заедно оделе на лов.

Како дошло до негово ранување треба да утврди истрагата.

Од страна на Основното јавно обвинителство е отворен предмет. Заменик јавен обвинител излегол на местото на настанот, извршил увид и сега останува да се утврди како дошло до испукување на пушката.

Но од неофицијални  болнички извори, кои имале можност да кореспондираат со ранетиот ловџија, наводно настантот се случил од невнимание, бидејки пушката паднала од возилото и бидејќи не била закочена  самата испукала.

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*