Home / Вести / СДСМ Битола го потврди изборот на Ковачевски за член на ИО на СДСМ

СДСМ Битола го потврди изборот на Ковачевски за член на ИО на СДСМ

Васко Ковачевски, долгогодишен истакнат член и функционер на ОО СДСМ Битола е избран за член на Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, соопшти битолската СДСМ.

„По денешниот 26. Конгрес на СДСМ, на предлог на Претседателот, Зоран Заев, членовите на Централниот одбор го избраа битолчанецот Васко Ковачевски за еден од 18-те нови членови на највисокото извршно тело на СДСМ, Извршниот одбор на партијата. Васко Ковачевски во два наврати беше пратеник во Собранието во периодот од 2014 година до 2016 година и од 2016 година до 2018 година. Претходно, два мандати беше на чело на ОО на СДСМ Битола, во периодот од 2009 година до 2013 година и од 2013 година до 2018 година. Во својата богата партиска кариера извршувал и други функции. Учествувал и во голем број тела на јавни установи, институции, хуманитарни организации, спортски клубови. Ковачевски е дипломиран инженер по термо енергетика, а магистрирал менаџмент на човечки ресурси. Во моментов е генерален директор на АД ЕСМ, соопштија од битолската СДСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*