Битолчани на последните избори јасно, гласно кажаа дека се за живот во Битола, порачаа денеска на прес-конференција од општинската организација на СДСМ од Битола.
-Нема ништо поважно од здравјето на граѓаните. Секоја одговорна политика во преден план ги става граѓаните и обезбедување на квалитетен живот и здрава животна средина. Како одговорна партија, СДСМ на следната седница ќе побара точка на дневен ред: Информација за енормното загадување на амбиенталниот воздух во Битола и извештај за преземените мерки на општина Битола. Општина Битола преку одделението за урбанистичко планирање и заштита на животната средина , преку своите советници за животна средина со овие информации треба прегледно да располагаат. Од оваа точка треба да произлезе и заклучок за преземање итни краткорочни мерки заради загаденоста на воздухот. Од друга страна, на следната седница кога ќе се носи буџетот на Општина Битола за 2017 година, СДСМ ќе предложи и долгорочни мерки во изнаоѓањето на решенија за намалување на загаденоста на воздухот во општина Битола а кои се во согласност со програмските определби на СДСМ – итакна координаторката на советничката група на СДСМ во Советот на Општина Битола, Наташа Петровска.
Б.В.