Годинашната Манифестација “ Избираме најуспешни битолчани за 2019 година “ ќе се одржи, како и во изминатите неколку години, така и овој пат под генерално покровителство на најголемата странска инвестиција во Битола и Македонија, која вработува над 6.500 работници “ Кромберг и Шуберт”.
Деновиве Битолски весник и официјално беше известен дека “Кромберг и Шуберт” прифати по шести пат да биде генерален покровител на Манифестацијата.
Тоа за нас е уште едно големо признание дека оваа Манифестација е вистински бренд за Битола и битолчани со право ја нарекуваат “ Бтолски оскари”.
Инаку Битолски весник веќе ги финишира подготовките за Изборот. Познати се и сите пеачи и музичари, како и де-џеи, кои ќе настапат во културно – забавниот дел. Станува збор за врвни и (нај)познати македонски имиња од естрадата.
Договорени се и сите детали околу техничкиот дел на Манифестацијата која овој пат ќе биде со многу новини.
При крај е и продажбата на влезниците, која според интересот ги надминува сите очекувања.