Don't Miss
Home / Вести / Се финализираше „Памп трак“ полигонот за велосипеди во Градскиот парк

Се финализираше „Памп трак“ полигонот за велосипеди во Градскиот парк

Завршија активностите за асфалтирање на „Памп трак“ полигонот за велосипедисти во Градскиот парк.

Проектот што е реализиран на површина од 900 м², во период од две недели, ги исполнува сите услови за заштита на животната средина и јавното зеленило, а дополнително околниот дел ќе биде и хортикултурно уреден, согласно временските услови.

Оваа адреналинска патека возачите на велосипеди, скејтборди, ролери и друго, ќе можат да ја користат наскоро по завршувањето на техничкиот прием.

Патеката ќе понуди повеќе начини на забавно возење во безбедна и контролината средина.

Со изградбата на оваа патека, за која Општината инвестира 5.216.343,00 денари од општинскиот буџет, Битола добива уште една спортско-рекреативна содржина за вљубниците во велосипедизмот, која е надополнување на велосипедските патеки кои се веќе во изградба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*