И покрај тоа што битолската јавност е во исчекување на резултатите од што почина 66 годишниот битолчанец, засега сеуште нема официјална изјава од надлежните институции за тоа кои се прчините за неговата смрт.
Според извори на “ Битолски весник“ на починатиот битолчанец, по смртта му е земен брис за да се утврди од што почина битолскиот пензионер. Засега, не се прави обдукција на неговото мртво тело, а дали таа воопшто ќе биде извршена ќе зависи исклучиво од тоа дали тој бил позитивен или негативен на тестот за корона вирусот.
Доколку се покаже дека бил позитивен немало да се прави обдукција.
А доколку тестот бил негативен, во тој случај ќе се изврши обдукција за да се утврдат причините за смртта, дали таа била природна или не.
Инаку пензионерот во Битола, по пријава на комшиите, беше најден мртов во неговиот стан на ул. Димче Лахчански, каде по враќањето Лондон, каде бил на посета кај членови на неговото семејство бил во изолација.
Неговата смрт ги исплаши не само неговите најблиски туку и соседите, кои го пријавија случајот.
Инаку според извори на “ Битолски весник “ починатиот пензионер бил во посета на неговите блиски во Лондон, а по враќањето тој бил на 14 дневна изолација.
Дал тој починал од корона вирусот или не, ќе покажат резултатите од земениот брис што посмртно му беше земен за да се утврди дали бил инфициран од корона вирус или не.