Во Старата битолска чаршија 16 дукани, сопстевнотс на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор ќе добијат нови излози.
Проектот за конзервација и реставрација на излозите во Старата битолска чаршија. е во вредност од 3.800.000 денари, средства на Министерството за економија, кои се доделени согласно програмата за туризам за 2018 година.
Општина Битола во изминатиот период ги заврши сите потребни процедури за успешна реализација на проектот и промена на излозите на 16 значајни објекти кои се во сопственост на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката.
Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска ги посети објектите во кои што веќе е завршена замената на дограмата, како и објектите каде што се во тек изведбените активности.
-Битолската чаршија е прекрасна, но навистина имавме мака со дограмата, дуваше од сите страни, особено во зима, кога во Битола темепратурите се многу ниски и со ништо не можевме да го затоплиме дуќанот. Сега, со новата дограма, разликата е веќе видлива и ја чувствуваме промената“, велат сопствениците на објектите сместени покрај реката Драгор во Старата битолска чаршија, на средбата со градоначалничката Наташа Петровска.
Инаку во моментот се работи на промена на излозите на објектот Стара аптека. Досега се поставени 15 нови излози од предвидените 38, а активностите продолжуваат следните денови до комплетна реализација на проектот.