Don't Miss
Home / Култура / Се обновуваат фасадите на три објекти во Битола

Се обновуваат фасадите на три објекти во Битола

Во тек се активностите за обнова и конзервација на фасадите на три објекти во Битола.

Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Битола интензивно работат на обновата на фасадите на Средното музичко училиште и на Гимназијата „Јосип Броз Тито“, објекти градени во стилот на еклектицизмот под влијание на европските струења од крајот на XIX и почетокот на XX век, како и на обновата на фасадата на „Безистенот“, значаен споменик на културата кој ги носи белезите на османлиската архитектура од XVII век.

Финализацијата на проектите, преку кои ќе биде зачувана автентичноста на спомениците на културата и на споменичните целини од богатото архитектонско наследство на нашата држава, треба да биде до крајот на 2016 година.

Во Битола во изминатиот период како дел од овој проект беше реставрирана и внатрешната фасада на објектот во кој е сместен Заводот за заштита на спомениците на културата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*