Во организација на здружението “ Златно перо “ во саботата во Битола, поточно во хотелот “Епинал”се одржа „Новогодишен хуманитарен базар”.
На новогодишниот базар голем број приватници, меѓу кои пицеријата “ Шведскиот “, вила “ Диово “,” Ракотворби”, “ СН Брокер”, синдикатот на РЕК “ Битола “ донираа подароци за најмладите.
Новогодишниот базар се одржа под мотото сите дечиња имаат право за Нова Година да бидат среќни и да добијат подарок од Дедо Мраз.
Средствата од базарот ќе бидат наменети за социјално загрозените семејства, преку купување на пакети со храна.
Освен штандовите кои беа посетени од многумина, имаше и музичката програма, а во рамките на базарот се одржа и тркалезна маса на тема ,,Сиромаштија, фрлањето на храна и Банкарството за храна”.