Во организација на Друштвото на писателите на Македонија и младинската организација „Почувствувај ја Македонија” во соработка со општина Новаци и Културно иновативниот клуб, во неделата се одржаа петтиот поетски караван од проектот „Почувствувај ја Македонија со шестото сетило – срцето”.
Поетскиот карван се одржа во манастирот „Св. Ѓорѓи” – с. Паралово, а на истиот со свои творби се преставија Елизабета Јончиќ, Живко Новески,Весна Мундишевска, Радован П. Цветковски, Андрија Дојчиновски,Гордана Михаилова Бошнакоска, Кире Неделковски, Мирјана Стојановска,Панде Манојлов,Билјана Т. Димко, Зоран Пејкоски, Никола Илијовски и Милица Димитриовска Радевска.
Програма на овој настан беше збогатена со кусо предавање на тема „Св. Ѓорѓија и борбата со ламјата”на проф. др. Лидија Стојановиќ Лафазановска,а проф. Вера Стојчевска Антиќ направи осврт на животот и делото на Ѓорѓи Сугарев.
Познатиот артист , Мите Грозданов изведе монодрама, хуманистот Живко Поповски – Цветин од Паралово испрати цветни пораки за мир, а пограмата беше збогатена и со учество на млади таленти како што се Менде Мацанковски, студент на факултетот по музичка уметност кој ја ја изведе „Аве Мариа”, Ангела Јончиќ го изведе рециталот на великанот Петре М. Андреевски, а музичкото дуо “Сигнатуре “составено од Нина Милановиќ – виолина и Трајанчо Стојановски – гитара се претставија со свој перформанс.
Настанот беше збогатен и со изложба на неколку уметнички творби.
Собраните средства од книгите ќе бидат подарени на НОРА (Невладина организација за ревматизам и артритис).
На овој настан се додели „Витез на Македонскиот пишан збор”.
Во врска со одржувањето на овој поетско музички цараван градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски изјави:
-Општина Новаци и јас како прв човек на оваа локална самоуправа секогаш ќе ги поддржуваме ваквите и слични настани кои пред се значат промоција на општината. Причина повеќе е и хуманата мисија која ја шири и ја прави. Настанот претставува едно убаво и плодно дружење во ова историско место, рече градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски.
Катерина Чукалевска