Продлабочување на стратешкото партнерство помеѓу АД ЕСМ и Европската банка за обнова и развој, како и имплементацијата на сегашните и идните инвестициски проекти за подобување на енергетската сигурност беа теми на работната средба помеѓу генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев и регионалниот директор на ЕБОР, Франческо Корбо.

На средбата присуствуваа и директорот за финансии на АД ЕСМ, Иван Стојановски, и Стефан Костовски од ЕБОР.

Се констатираше важноста од надминување на сите предизвици кон спроведување на тековните и идните проекти, а со цел исполнување на стратешките определби за енергетска транзиција и целосно спроведување на зеленото сценарио и процесот на декарбонизација на нашата земја.