Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа својата прва, конститутивна седница, со која претседаваше премиерот Димитар Ковачевски.
Претседателот Ковачевски им го честиташе изборот на министрите за членови на Владата и им посака добро здравје и многу успех во работата во период во кој е потребна добра соработка и вложување на сето знаење, посветеност и умешност како предуслов за добра и успешна работа на Владата во целина во реализирањето на Програмата за работа која е креирана врз основа на приоритетите на граѓаните.
На оваа конститутивна седница се определени заменици на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, и тоа:
• д-р Артан Груби, министер за политички систем и односи меѓу заедниците, за прв заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија;
• м-р Славица Грковска, министер без ресор, за заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за политики на добро владеење;
• Фатмир Битиќи, министер без ресор, за заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, за координација со економските ресори и инвестиции;
• м-р Бојан Маричиќ, министер без ресор, за заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за европски прашања;
• д-р Џемаил Чупи е именуван за министер без ресор, задолжен за дијаспора.
Владата денеска именуваше и претседатели и членовите на основните комисии на Владата на Република Северна Македонија.
За претседател Комисијата за економски систем и тековна економска политика е именуван Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, за координација со економските ресори и инвестиции, а за членови на оваа комисија се именувани д-р Фатмир Бесими, министер за финансии, м-р Крешник Бектеши, министер за економија, Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање, Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и м-р Јована Тренчевска, министер за труд и социјална политика.
За претседател на Комисијата за политички систем Владата го именуваше д-р Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, а за членови м-р Бојан Маричиќ, заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за европски прашања, Славјанка Петровска, министер за одбрана, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, д-р Никола Тупанчески, министер за правда, д-р Бујар Османи, министер за надворешни работи и м-р Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација.
Должноста претседател на Комисијата за човечки ресурси и одржлив развој ќе ја извршува м-р Славица Грковска, заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за политики на добро владеење, а членови на оваа комисија се Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, за координација со економските ресори и инвестиции, д-р Фатмир Бесими, министер за финансии, м-р Беким Сали, министер за здравство, д-р Јетон Шаќири, министер за образование и наука, м-р Јована Тренчевска, министер за труд и социјална политика, м-р Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација, м-р Горан Милевски, министер за локална самоуправа и доц. д-р Бисера Костадиновска Стојчевска, министерка за култура.
Не денешната седница се именувани и претседатели и членови на посебните комисии на Владата на Република Северна Македонија.
За претседател на Комисијата за именување е именуван м-р Бојан Маричиќ, заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за европски прашања, а за членови на оваа комисија се назначени д-р Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, д-р Фатмир Бесими, министер за финансии, Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи и Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање.
За претседател на Комисијата за станбени прашања е именуван Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, а за членови д-р Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, м-р Беким Сали, министер за здравство, м-р Горан Милевски, министер за локална самоуправа, и Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Владата денеска за претседател Комисијата за приватизација го именуваше м-р Крешник Бектеши, министер за економија, а за членови се именувани Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, м-р Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација, Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, и м-р Беким Сали, министер за здравство.
На оваа конститутивна седница за шеф на канцеларијата на претседателот на Владата е именуван Мартин Попов.
Владата денеска донесе Решение за именување членови на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и за членови ги определи Славјанка Петровска, министер за одбрана, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, д-р Бујар Османи, министер за надворешни работи, м-р Беким Сали, министер за здравство, Благој Бочварски, министер за транспорт и врски и Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи и раководител на Групата за процена.
За раководител на Управувачкиот комитет е определен Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.
Владата на оваа седница го продолжи работењето на Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) за менаџирање со справувањето со последиците од пандемијата со КОВИД-19 со претставници на Владата и на институциите кои и до сега беа вклучени во неговата работа.
Со работата на ГККШ ќе претседава претседателот на Владата Димитар Ковачевски.
Согласно приоритетите на Владата како што се здравјето на граѓаните и квалитетот на образованието, на денешната седница е донесен заклучок за вечерва во 20:00 часот да се свика состанок на Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) за менаџирање со справувањето со последиците од пандемијата со КОВИД-19 и во консултација со Комисијата за заразни болести, да се разгледа прашањето за почетокот на второто полугодие од наставата во основното и средното образование.