Во врска со плановите на Боки 13 и потпишаниот Договор опширно пишуваше Битолски весник во март минатата година.
Што напиша тогаш Битолски весник
Меѓународен сојуз Скопје заедно со ГП „Пелистер“ Битола започнува нов инвестициски проект за изградба на Европски ценар за возрасни лица и мобилен сервис. Проектот е во развојна фаза, а за почеток избрани се и соодветни локации. Целокупниот проект е во висина од над 10 милиони евра. Меѓународен сојуз Скопје со стратешкиот партнер ГП „Пелистер“ веќе работи на првите два центри, лоцирани во Битола и Охрид.
Европскиот центар за возрасни лица и мобилниот сервис ќe нуди современа и комплетна услуга за лица во трето доба. Изградбата на Европскиот центар ќе биде според сите меѓународни стандарди предвидени за сместување, рекреирање и целосна медицинска нега на возрасни лица. Пристап до овој центар ќе имаат странски и домашни лица.
Водејќи се од воспоставените стандарди кои опфаќаат комплетен третман, нега, спортски и рекреативни активности, Европскиот центар ќе биде единствен од ваков вид во Македонија.
– Посветено работиме на изградба на Европскиот центар за возрасни лица и мобилен сервис, кој ќе претставува прв и засега единствен ваков комплекс во државава. Оваа милионска инвестиција, за почеток, во Битола и Охрид ја реализираме со нашиот стратешки партнер ГП Пелистер. Исто така наши партнери се и ГД Дрим Билдин од Струга, за реализирање на овој проект и на локација во Скопје. Со повеќе детали за целата мрежа на комплекси јавноста наскоро ќе биде информирана на прес конференција – рече потпретседателката на Меѓународниот сојуз Скопје, Јасна Мандиќ.
„Ова е круна на мојот долгогодишен бизнис, и со задоволство прифатив да учествувам во вака важен социјален и општествено-одговорен проект“, изјави по потпишувањето на договорот еден од инвеститорите и стратешки партнер на Меѓународниот сојуз Скопје, Силјан Мицевски, генерален директор на ГП „Пелистер“ од Битола.
Се предвидува во центрите да се вработат околу 200 лица.