Во настојувањето да се зголеми заштитата на медицинските лица и здравствените работници, Синдикатот на РЕК “Осломеј“ донираше 35 трајни заштитни скафандери во Ургентниот центар-брза помош во Кичево.
За вработените во брзата помош Синдикатот покрај скафандери донираше и ракавици, маски и дезинфикциони средства за раце, со цел безбедно давање здравствена услуга на граѓаните на Кичево преку заштита и на пациентите и на медицинските лица.