Don't Miss
Home / Вести / Со новите дигитални технологии Битола ќе го “реконструира “ минатото на градот

Со новите дигитални технологии Битола ќе го “реконструира “ минатото на градот

Новите технологии играат одлучувачка улога во „реконструкцијата“ на минатото во регионот и промовирањето на важните историски елементи и културното наследство. Една од главните цели на проектот Кинокултура е да ги промовира заедничките културно – историски вредности во прекуграничната област, притоа да создаде услови за подолг престој на туристите во Едеса и Битола.

 Со реализацијата на овој проект, Општина Битола набави кино опрема, изработи виртуелна презентација на Стариот театар и 3Д модели на значајни градби од Старата чаршија, а во тек е проширување на Wi – fi мрежата и опремување на туристичкиот инфо центар во Битола. Денес, како дел од проектот, започна дводневна конференција на тема „Туризам и култура“, на која свое обраќање имаа градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, градоначалникот на Едеса Димитриос Јани, претставници на проектните тимови од двете општини, ректорот на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ Сашо Коруновски, како и други експерти од областа на културата и туризмот.

         -Овој проект е многу важен затоа што ги зајакнува нашите меѓусебни врски и пријателството со грчкиот народ. Се надевам дека набрзо ќе ја надминеме кризата со пандемијата, да се видиме во подобри услови, затоа што можеби ова техничко поврзување е добро за во овие услови, но секогаш е подобро кога за тоа постојат можности да се видиме и да разговараме во живо. Се надевем дека сите вие ќе ни бидете гости во нашиот град наскоро и дека ние ќе можеме да ја видиме целата убавина на Едеса која добро ја знеме, но никогаш не е доволно уживање во така убав град.

Се надевам дек овие денови ќе се развие квалитетна дискусија и ќе се донесат добри заклучоци за понатамошните чекори“, рече градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, на денешното отворање на конференцијата.

Во рамките на дводневната конференција се врши обединување на прекугранични и национални претставници од областа, граѓанското општество, јавните власти и образованието со цел да се истражат и дискутираат можностите и силните страни во врска со одржливото зајакнување и понатамошниот развој на културата и туризмот. Организатор на конференцијата е општинското претпријатие ДИКИДЕ од Едеса.

Проектот се реализира во рамките на ИНТЕРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка, помеѓу Р. Грција – Република Северна Македонија 2014-2020.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*