Don't Miss
Home / Вести / Со звуците од пијаното до многубројни награди и признанија

Со звуците од пијаното до многубројни награди и признанија

Младата пијанистка Софија Михајловска, ученичка во седмо одделение во  ОУ „Даме Груев„ Битола уште како мала се заљуби во пијаното.

Кога имаше само неколку години сонуваше да стане голема и славна пијанистка.

Водена од огромна љубов спрема пијаното таа кога имаше само 6 години се запиша во Музичкото училиште.

 Ова 12 годишно девојче, коe  своето дружење со пијаното го започна на само 6 години своето музичко образование  во Музичкото училиште  го почна  во  класата на професорката Ана Попова Трајановска.

Уште од самиот почеток професорката Трајановска го откри нејзиниот голем талент.

Благодарение на талентот и упорната работа подоцна почнаа да се нижат успесите и многубројните награди  како во државата, така  и во странство.

Своите учества на натпреварите малата Софија  ги почна кога имаше само  седум години.

Подоцна се нижеа  бројните  настапи,  а и освоени награди и признанија, кои  зборуваат   за нејзиниот  огромен талент.

Иако во услови на пандемија, сепак таа  со огромна поддршка од своето семејство, се закити со највисоки меѓународни  признанија и награди :

Од мошне богатата колекција на награди би ги издвоиле:

  Прва награда на ЕМЦЅ-меѓународен натпревар “Охридски Бисери” 2020,

 Прва награда на меѓународен натпревар “Полихимнија” 2021

Прва награда на меѓународен натпревар “Моцарт” 2021

 Прва награда на меѓународен натпревар “Улјус” во Смедерево 2021,

Прва награда на државен натпревар 2021

        Нејзиниот најнов успех е освоена трета награда на ИММЦ- Меѓународен натпревар во Москва 2021

Малата Софија Михајловска оваа година настапи како најмлад солист на концертот со Македонската Филхармонија, што претставува исклучително признание за неа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*