Home / Вести / Сопственикот се откажа од доградбата на болницата “Плодност“

Сопственикот се откажа од доградбата на болницата “Плодност“

       

        Сопственикот на приватанта болница за гинекологија и акушерство “ Плодност “ од Битола, при.-др Таше Трпчевски се откажа од доградбата на болниацата.

        Ова д-р Таше Трпчевски го истакна на денешната прес конференција на која тој со документи и докази ги одби сите тврдења на  градоначалничаката, Наташа Петровска изнесени на прес конференцијата свикана во општината Битола, дека  тој наводно сакал диво да гради и да плати за 100.000 евра помалку пари  за комуналии во општинскиот буџет.

        Трпчевски нагласи дека по сите опструкции кој  што тој во изминатите неколку месеци ги доживеал од страна на општинската администрација тој привремено го става проектот за доградба на болницата во мирување.

        Сопственикот на “Плодност“  истакна дека средствата за комуналии ги платил во износ  колку што му пресметала општинската администрација по Решението кое го добил, а на кое е потпишана и градоначалничката на Битола,  Наташа Петровска.

        И покрај сите опструкции тој настојувал да се најде согласно  позитивните законски пропсии решение за доградба на болницата и бил подготвен да плати комуналии по новата пресметка во износ од 112.000 евра, но од Општината Битола  намерно го осптруирале тоа.

        На прес конференцијата  Прим. д-р Таше Трпчевски  искажа голема разочараност што општината Битола не го препознала неговиот проект во вредност од над 3 милиони евра,  за доградба на болниацата и ја остави отворена можноста  проектот за болницата да го реализира во некој од соседните градови како Прилеп или Огхрид.

– Јас сум лекар а не проценител.Јас платив комуналии по пресметката што општинската администрација ми ја достави,  а на која е потпишана и градоначалничаката Наташа Петровска.  Јас воопшто не почнав диво да градам, туку  откако платив комуналии градежната фирма го подготвуваше теренот за градба. Доколку сум згрешил подготвен сум да ги сносам последиците, но последиците мора да ги сносат и тие кои ми ја доставија пресметката, а на која стои потписот на градоначалничката Натапша Петровска, изјави Трпчевски, кој најави поднесување на кривична пријава против сите кои се потпишани на Пресметката, како и против градоначалничката Наташа Петровска.  

 Според Трпчевски просторот каде што требаше да биде доградена болницата ќе биде наменет  за паркинг на возилата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*