Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска одржа средба за продолжување на координативните активности, со надлежните лица на најинволвираните институции од Кризниот штаб за оваа фаза од состојбата со КОВИД-19: началникот на СВР Битола Андреј Василевски, дополнителниот началник Славко Јовановски, претседателката на ОО на Црвен крст Битола Лилјана Ристевска, директорката на ЦЈЗ Елизабета Крстева, Директорката на Клиничка болница Битола Билјана Гагачовска, директорката на Домот за народно здравје Весна Спирковска и директорите на битолските јавни претпријатија.
На средбата се разгледа целосната состојба со корона вирусот на ниво на Општина Битола, со поединечно произнесување на сите присутни претставници на институциите. Имформираме за:
-Третирање на јавни површини во следниот период, за кои целосната координација со останатите јавни претпријатија ја врши ЈП „Комуналец“ (согласно дејноста за која е регистрирано).
– Дезинфекција на станбените единици во следниот период ќе вршат станбените сервиси и Центарот за јавно здравје.
– Во делот на движење на граѓаните, СВР Битола ги следи мерките дадени од страна на Владата на РСМ.
– Сите поддршки за социјално загрозените семејства како и досега, Општина Битола и јавните претпријатија ќе ги спроведуваат преку ОО на Црвен крст Битола, каде што се пренасочуваат и сите правни и физички лица кои сакаат да помогнат.
-Досега се доставени 400 пакети за хигиена само од општинските субјекти, по што следува дополнителна поддршка од пакети со храна и хигиена.
– Здравствените институции се комплетно опремени и подготвени со протоколи за оваа фаза.
– Се почитува мерката на ЈП „Пазари“ за дезинфекција на сите возила кои вршат дотур на роба од други градови, на локацијата кај полигонот, во соработка со магацините на големо од градот, кои ја имаат неопходната комуникација со добавувачите.
-По однос на барањето Општина Битола во соработка со Центарот за јавно здравје да спроведе засилена промоција на мерките за спречување и превенција од зараза со COVID 19, констатирано е дека Општина Битола веќе има дистрибуирано 4 вида на плакати со вкупен број од 1600 поединечни парчиња. Истите се поставени на општинската веб страница, залепени на сите институции, фреквентни места во градоти станбени единици. Сите локални ТВ, радио станици и печатени медиуми, ги споделуваат препорачаните мерки.
– Околу барањето за засилено следење на квалитетот на водата и засилената контрола на исправност на водата, согласно препораките на централно ниво во координација со Центарот за јавно здравје, заштитата на водоводниот систем е на највисоко ниво.
*Директорот на ЈКП „Водовод“ Битола Горан Козаров истакна дека нивото на хлор во водата е зголемено.
*Во текот на денот земаат примероци од 8 пункта, кои секојдневно се менуваат.
*Центарот за јавно здравје зема примероци од дополнителни три пункта.
*Се проверуваат и руралните средини поврзани на градскиот водовод.
Сите отпадни води и комунален отпад се третира ат во континуитет со тенденции на проширување на опфатот.
– Во однос на иницијативата за целосно затворање на сите отворени спортски игралишта и излетнички места на територија на Општина Битола, Кризниот штаб истакна дека сите спортски објекти под надлежност на општината се затворени веднаш по препораките дадени од Владата на РСМ. Затворањето на отворени простори при дадена мерка на забрана за групирање на лица и про дадена мерка за строго дефинирано време на движење наодредени возрасни категории, се мерки кои вршат заштита на населението. Секоја друга поригорозна мерка е во рамките на времетраење на полицискиот час, за кој е директно надлежна Владата на РСМ. Општината повторно упатува апел, граѓаните да не излегуваат непотребно од своите домови.
-По однос на иницијативата за ограничување на работата на градските пазари и маркетите во градот, Кризниот штаб заклучи дека градските пазари имаат контролирано движење на лица, поставени се дезинфекциони средства на влезовите и контролиран начин на достава на стоки. Уште еднаш потенцираме дека се врши дезинфекција на сите возила кои вршат дотур на стока од другите градови, на полигонот во Битола. Имајќи во предвид дека граѓаните веќе се движат ограничено во одредени категории и времетраење, дополнително ограничување на работењето на маркетите за набавка на неопходните продукти, може да предизвика гужва, што не е пожелно во овие околности.
-По однос на иницијативата да се обезбедат хуманитарни пакети за социјално ранливите категории на граѓани, ОО на Црвен крст Битола веќе има 400 пакети за хигиена како поддршка од општината и јавните претпријатија, а поддршката продолжува со достава на пакети за храна за социјално ранливите категории. Во оваа прилика ги повикуваме сите да помогнат во оваа насока, но исклучиво преку Црвениот крст Битола, кој е официјален партнер на Општина Битола. Само така, би се имало точна евиденција и распределба на хуманитарната помош, водејќи сметка истата да ја има за сите подеднакво, без пропусти за одредени средини, стои во соопштението на општината.