Состојбата со пандемијата во Битола е алармантна.
По Скопје, Битола е втор град во државата кој има најмногу позитивни на ковид 19, а за жал во последно време и по бројот на починатите.
Во моментот позитивни на ковид се 1.000 случаи, а само за 7 дена заразени се над 500 битолчани.
Денеска во Битола починаа дури 6 лица.
И додека пандемијата коси во Битола, засега нема нови превентивни мерки ни на Комисијата за заразни болести, ни на Кризниот штаб на Битола.
Сите се однесуваат како состојбата да е нормална.
Со по стотина заразени битолчани на дневна основа голем број граѓани се лечат во домашна изолација со асистенција на матичните лекари, кои како терапија нудат само добар совет и вообичаен поздрав Денес како си.
Иако беше најавено изградба на Модуарниот ковид центар за само 3 недели тој доцни веќе 5 месеци и сеуште не е пуштен во употреба.
На што се должи ваквото доцнење никој не кажува.
Деновиве ни министерот Филипче кој беше во посета на Битола не го посети Модуларниот ковид центар.
Лекарите се веќе при крај на силите. Ни самите веќе не знаат уште колку ќе можат да издржат.
Затоа во ваква ситуација кога надлежните ги оставија граганите сами да се снајдуваат и наместо да чекаме некој да донесе мерки за заштита на нашето здравје, треба секој сам да си биде лекар и да се заштити.
Носење маска, држење дистанца и одржување хигиена и масовна вакцинација се препораките кои важат за цел свет.
Почитувајте ги истите, зашто на тој начин не се грижите само за себе, туку и за вашите најмили, блиските, соработниците, соседите, пријателите…
Не чекајте да ве заштитат тие кои самите не знаат да се заштитат.
Сега е време кога секој сам треба да се грижи за себе и најблиските.
Во спротивно црно ни се пишува.
Во Битола веќе бројот на заболените и починатите лица станаа статистички бројки.
Надлежните одамна се прогласија за ненадлежни да ги сочуваат животите на своите сограѓани.
Нив единстевно што ги интересира е нивната судбина и судбината на тие кои ги донеле или одржуваат во живот(читај) власт.
Менде Младеновски