Home / Вести / Среќна сум кога како човек имам можност да помагам со работа и хуманост

Среќна сум кога како човек имам можност да помагам со работа и хуманост

Д-р Драгана Д. Чифлиганец, добитничка на наградата на Битолски весник за бизнис лидерство и филантропија

        По низа интернационални и национални награди, „челичната дама во машкиот градежен бизнис” д-р Драгана Д. Чифлиганец, извршна директорка на Адора инженеринг, ја понесе наградата за бизнис лидерство и филантропија за 2019 од Битолски весник, која ѝ беше врачена на Битолските оскари за најуспешните, на Манифестацијата што одложено се одржа во октомври во Битола.

Драгана се води од мотото дека секој од нас треба да се потруди да направи нешто со што ќе му помогне на другиот кој има потреба од тоа, со што даваме придонес во намалување на дискриминацијата и создавање рамноправни можности за сите. На тој начин, според Драгана секој од нас може да вгради мало, но скапоцено камче во мозаикот за креирање на подобар свет, посреќен живот и попросперитетна иднина за сите.

Таа верува дека треба да се радуваме на туѓите успеси н зависно дали се мали, или големи  и силно ги подржува младите луѓе и жените кои се борат да го остварат својот сон. Во нејзините колумни во Утрински весник секогаш пишуваше како не смееме да се откажуваме, треба да се бориме, но пред се треба да верувме во самите себе и ако мислиме позитивно и веруваме, така и ќе биде.

Драгана не практикува многу да зборува за себеси, посебно не во ова тешко и неизвесно време. Таа повеќе сака кога нејзините пораки ги пренесуваат конкретните дела и реализираните активности. Оваа млада дама некогаш изгледа доста сериозно и одговорно за возраста, за што веројатно придонесле цврстиот карактер да се фати во костец со предизвиците и одговорните ангажмани во високата градба. За тоа е неопходна издржливост и посветеност, работа во костум во канцеларија и со шлем на градилиште и доследност во секојдневната борба за докажување пред менаџментот, колегите, клиентите и јавноста.

Драгана Д. Цифлиганец, која е доктор на правни науки, влегува во високоградбата во 2006 година, кога по дипломирањето и магистрирањето маркетинг на престижниот британски универзитет Шефилд во Грција, ги прави првите чекори во градежната компанија Адора инженеринг, каде таа се кали низ сите работни позиции. Драгана успева со макотрпна тимска работа да ги воведе интернационалните стандарди во работењето на Адора, со акцент на иновативните решенија во областа на домувањето, како што е  воведувањето на енергетската ефикаснот кога во Македонија сеуште таа тема беше нова и непозната. Воедно, таа е фокусирана и на грижата за купувачите и клиентите по продажбата на недвижностите. Со тимска работа и храбри чекори, уривајки големи бариери, менувајки ги потребите и навиките на граѓаните, низ 15 годишна посветена работа, Драгана Чифлиганец даде голем придонес во креирањето нов концепт на домување во Македонија, што ги помести границите и стандардите на пазарот на недвижностите. Носејќи ги глобалните современи придобивки од поквалитетното, комфорно, економично, здраво и хумано домување на нашите простори, по достапни цени за нашите граѓани, Драгана даде значаен придонес во изградба на поголема свесност кај населението за вредноста на недвижностите и за исплатливоста на вложување во нив, што е корпоративно мото и филозофија на Адора инженеринг, сега ребрендирана во Адора Бизнис Групација:

 „Повеќе од 19 години ние не продаваме само метар квадратен, туку топли домови за квалитетен зивот” и „Изградбата на домови е висок морален и одговорен чин за сигурен и квалитетен живот на многу генерации, а вложувањето во недвижностите е најцврста валута за сигурна иднина”…

По изградбата на 3.000 домови во 40 репрезентативни објекти низ Македонија со површина од 390.000 м² од брендот Адора во изминатите 19 години, сега Драгана се бори за ширење на бизнисот надвор од нашите граници, во Грција, а со нејзиниот брат Душко Чифлиганец, се ангажирани околу најновиот комплекс за домуванје и релаксација во СПА и велнес центар во атрактивниот еко ресорт Златибор. Паралелно со тоа, Драгана е доста активна и во областа на филантропијата. Волонтирајќи во добротворни цели од мали нозе, воспитана во духот на солидарноста, со долга семејна хумана традиција,  Драгана е особено горда на поддршката на здравствениот систем со донациите на апарат  за кор биопсии на државната клиника за радиологија и онкологија во 2014, потоа годинава  апаратот за рана дијагностика на слухот кај новороденчињата на државната клиника за гинекологија, како и на обезбедените апарати за лекување на најмладите пациенти на детските клиники во Скопје. Особена радост за неа претставуваат новогодишните дружби со Дедо мраз и децата на вработените во Адора, но и со најмладите пациенти во детските болници низ Македонија. Традиционалните првосептемвриски средби со првачињата, годинава беа заменети со донација на 12 нови персонални компјутри и 6 ајпади за училиштата во родниот Радовиш за подобра онлајн настава во услови на пандемија. Драгана, компанијата Адора инженеринг и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец ги поддржуваат вработените и нивните деца во континуираната едукација, две години поддржан е меѓународниот фестивал Охридско Лето, првиот самостоен концерт на поп дивата Тамара, повеке универзитетски школи. Особено вредни за Драгана се долгорочниот проект во кој од 2016 година се поделени 3.000 топли оброци на бездомниците и сиромашните во Скопје, изградбата на нов топол дом за Трајкови во Дедино, подигнат над пепелта од опожарената кука и континуираната поддршка на Димитар Ѓорѓиев, трикратниот светски и европски првак, кој го води клубот Работнички Адора и истоимениот модерен Кик бокс тренинг центар, под покровителство на Адора.

За успесите во бизнисот и филантропијата, Драгана Д. Чифлиганец досега има добиено бројни признанија, меѓу кои „Менаџер на годината” во 2012, „Дама во градежништвото” во 2014, интернационалните награди “40 под 40” за водечките млади бизнис лидери во Југоисточна Европа 2019-та во Амстердам и „Дама на годината за иновативност во домувањето и филантропија” 2020 во Белград. Драгана порачува дека со иста страст и многу нови идеи, таа продолжува натаму со проширување на бизнис инвестициите и добротворните проекти во Македонија и во регионот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*