Денес се сретнав со претставници на Здружението на слепи лица, Здружението на глуви и наглуви лица и Здружението на телесни инвалиди „Мобилност“, кои делуваат на регионално ниво, како и со претставници на Националната заедница на сите инвалидски организации.
Заеднички ја утврдивме потребата од подобрување на условите за живот за овие категории преку отстранување на архитектонските бариери, уредување на зелени катчиња, повеќе персонални асистенти, поддршка на ресурсниот центар, но и создавање на подобри можности за вработување на оваа категорија лица.
Сите жители на Општина Битола заслужуваат достоинствени услови за живот!