Во рамките на предизборните активности, кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, д-р Тони Коњановски во понеделникот оствари средба со битолските новинари.
-Слободата на говорот е слобода на поединецот, или заедницата да ги искажат своите мислења и идеи. Неповредливо и свето е правото на сопствено мислење и изразување
На денешната средба со различни генерации новинарски пера во Битола се потврди неопходноста од функционирање на новинарството како постојан, објективен, корективен и неодминлив дел од демократска и силно развиена Битола. Во тоа секогаш ќе ја имаат мојата поддршка,изјави на средбата кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијта, Тони Коњановски.