„Братко Заев, ни заби нож во грб“, „Заев и објави војна на Србија“, „Македонските служби следеле и заплашувале српски дипломати“, „СКАНДАЛ: Македонците го прислушувале дури и Вучиќ“, се дел од денешните насловни страници на српските медиуми откако пред два дена неочекувано и без објаснување Белград го повлече целиот персонал од српската амбасада во Скопје.
На речиси секоја насловна страница е објавена фотографија од македонскиот премиер Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ.
Иако пред да биде објавено официјалното соопштение за повлекувањето, српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека „не станува збор за мала работа“, сепак, работата излезе нејасна и необјаснета.