Don't Miss
Home / Вести / Старата архитектура пропаѓа во центарот на Битола

Старата архитектура пропаѓа во центарот на Битола

Старата битолска архитектура во Битола буквално се распаѓа. Во  Центарот на градот  има безброј стари  куќи и објекти, кои се евидентирани дека се под заштита на државата, но како да се заборавени од институциите. На нив заборавиле дури и наследниците кои ги наследиле куќите, па ги оставиле едноставно да пропаѓаат.

Деновиве во строгиот центар на Битола една таква куќа  од едната страна се сруши  и во голема мера ги исплаши соседите. Куќата се наоѓа зад библиотеката,  во чија непосредна  близина има изградено станбена зграда, каде што живеат поголем број станари, а има и неклку деловни простории.

Соседите кои се доста исплашени и вознемирени по рушењето на куќата, не знаат чија е куѓата сопственост и не информираа дека за неа никој не се интересирал ни претходно, ни сега.

За жал во Битола има уште стотици такви куќи кои се заштитени, а се оставени на милост и немилост и кои во секој момент можат да се срушат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*