Don't Miss
Home / Uncategorized / Стефановска на распит за “Рекет“

Стефановска на распит за “Рекет“

Обвинителката Лиле Стефанова денеска ќе сведочи во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а во врска со истрагата за случајот „Рекет“, во кој засега осомничени се Бојан Јовановски и Зоран Милевски- Кичеец.

Стефанова ја води истрагата за случајот „Империја“, во кој еден од осомничените е Орце Камчев. Тој, наводно, според истрагата за „Рекет“, дал 1,5 милиони евра мито на Јовановски и Кичеец, за да запре кривичниот прогон против него.

Обвинителката Стефанова неколку пати појасни дека „поволностоте“ кои ги добил осомничениот Камчев, односно укинувањето на притворот и враќањето на пасошот, се дадени од шефицата на СЈО, Катица Јанева.

Таа обелодени и дека Јанева барала случајот „Империја“ и „Поштенска банка“ да завршат со спогодба, без затворски казни за осомничените.

-На 16 април 2019 година, во канцеларијата на Катица Јанева беше одржан состанок на кој таа изнесе одредени одлуки пред присутните обвинители, а кои се однесуваа на дејствија во предметите „Империја“ и „Поштенска банка“. Конкретно, нѝ беше наложено, најдоцна до 06 мај 2019 година, до неа да доставиме писмени извештаи за штетата во двата предмета кои осомничените траба да ја платат на државата, по што предметите „да бидат тука затворени“ и осомничените „да не одат во затвор“. Меѓутоа, јас и обвинителот Бурим Рустеми изготвивме писмени извештаи во кои покрај износите на штетата, ги наведовме и  можните затворски казни согласно Кривичниот законик во случај на спогодување со јавниот обвинител. Дополнително, за предметот „Империја“ потенцирав дека е во многу рана фаза за евентуално спогодување и дека истрагата треба да продолжи во следниот период, рече неодамна обвинителката Стефанова.

Вчера, пак, во обвинителството сведочеше и обвинителката од СЈО Елизабета Јосифовска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*