Home / Вести / Стевче Стевановски ја презеде власта во Новаци

Стевче Стевановски ја презеде власта во Новаци

Стевче Стевановски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, ја презеде градоначалничката функција во Општина Новаци. Денес имаше примопредавање на функцијата, а досегашниот градоначалник Љубе Кузманоски, кој како кадар на СДСМ го водеше Новаци во изминатите четири години, на Стевановски му посака успех во престојниот манадат. 248401772 1010587186182591 6008801428173608344 n

„На состанокот денес со идниот градоначалник и советниците поразговаравме, испиеме едно кафе. Му посакувам среќа и успех во наредниот четири годишен мандат. Се надевам дека општината Новаци за четири години ќе ја видиме во многу подобро светло со многу подобри проекти. Останува времето да покажи дека во општина Новаци како на досегашниот, така и идниот состав на Советот целата ни е Новаци од рурална да ја направиме во урбана средина“, рече Кузманоски.249586781 422219672591268 2501974706831664053 n

По заминувањето од градоначалничкото место, Кузманоски од први ноември се враќа на старото работно место во РЕК „Битола“.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*