Стопанска банка а.д. Битола и оваа година, традиционално во пресрет на
Новогодишните празници изврши низа донации во различни институции во градот
Битола. Банката во текот на целата година активно спроведуваше голем број на
општествено одговорни практики и донации, а водени од помислата дека празниците
се за споделување радости и убави моменти Банката одлучи да ја заокружи годината со
низа на донации во неколку институции во Битола.
Оваа година донацијата се доделува во Здравствениот дом ,,Д-р Хаим Абраванел’’ во
Битола во примарната здравствена заштита и тоа во одделот каде се вршат прегледи на
бебиња и деца од најрана возраст. Оваа донација на Банката ќе потпомогне престојот
на децата во оваа установа да биде попријатен. Донацијата се состои од медицинска
опрема – детски креветчиња, транспортни колички и ваги. Донацијата беше најавена и
на вчерашниот настан на реотворањето на комплетно реновираната и ребрендирана
експозитура на Стопанска банка а.д. Битола – Стара Зграда како уште еден подарок за
клиентите на Банката и граѓаните на општина Битола.
Покрај ова, Банката како и секоја година особено внимание посвети на најмалите и
донираше новогодишни пакетчиња во повеќе институции. Пакетчиња беа донирани во
Здружението на родители на деца со аутизам ,, Марко Поло – Експлорер’’ во Битола,
ОУ ,,Ѓорѓи Сугарев’’ во Битола во паралелките за деца со пречки во интелектуалниот
развој, Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа во Битола,
Здружението за развој на ромската заедница Сумнал и Општинската организација на
Црвен Крст во Битола.
Стопанска банка а.д. Битола во своето 70 годишно постоење во фокусот на своите
стратешки определби ја ставала грижата за општеството и за заедницата. Како веќе
докажана институција која активно во сите свои аспекти на работење ја вклучува и
општествената одговорност, со особено задоволство секогаш ја завршува годината со
донации посветени на најмалите сметајќи дека децата се оние од кои секогаш се добива
нај