Don't Miss
Home / Спорт / Судбината на Пелистер се решава неделава

Судбината на Пелистер се решава неделава

                  

          Каква ќе биде судбината на ракометниот клуб Пелистер ќе се знае неделава.

          Ова го изјави првиот советник во Советот на општината Битола, Валентин Груевски  на последната седница на Советот.

Одговарајќи на советничко прашање на опозицијата, Валентин Груевски  истакна дека неделава Советот на општната  Битола треба да одржи посебна седница на која советниците ќе треба да ја усвојат Платформата за фузијата на Еурофарм Работник и  РК Пелистер.

Инаку, иако (купо)продажбата на РК Пелистер беше најавена уште пред почетот на првенството сепак досега таа не е реализирана.

Имено според информации на Битолски весник купувачот Еурофрам Работник бара чиста финансиска ситуација, кога се во прашање обврските на РК Пелистер.

          Засега предмет на недоразбирања се обврските кои Пелистер  ги има од 2017 година и кои РК Еурофарм Работник не сака да ги признае.

“Аптекарите “ бараат финасиската состојба  на РК Пелистер да биде утврдена на денот на (купо)продажбата и сите долгови по тој период не ги признаваат.

 Како ќе се реши ова недоразбирање останува да се знае неделава, кога (купо)продажбата на РК Пелистер треба да се најде пред советниците.          

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*