Стотици милиони луѓе во светот синоќа на плоштадите во своите градови, во туристичките центри, во кафеани, ресторани, пабови… или во семејна атмосфера во домовите, ја испратија 2014 и ја пречекаа Новата 2015 година.
Први Новата година ја пречекаа жителите на тихоокеанските острови Кирибати и Тонга и земјите на далечниот Исток, а најдоцна на планетава жителите на западниот брег на САД и Алјаска.
Но, не сите синоќа го прославија почетокот на 2015 година. Многубројна популација луѓе времето и Новата година ги бележат според свои календари кои имаат корени во нивната етничка и религиозна историја.
Таков е случајот со Евреите, Кинезите, Индусите и Муслиманите, како и со повеќе други помали етнички и религиозни заедници.
Така во 2014. Евреите ја слават 5776, Кинезите 4713, Индусите 2072, а Муслиманите 1437 Нова година.