Home / Uncategorized / Родени шест бебиња во Битола во новогодишната ноќ

Родени шест бебиња во Битола во новогодишната ноќ

Новата година 2015 година Битола ја дочека со шест  нови жители.

Првиот ден  во Новата година,  првиот жител на Битола се роди три минути по полноќ на приватната гинеколошка акушерска болница “Плодност”.

bebe 1   bebe 3

Тоа е машко бебе,  чија мајка е од Битола, кое се роди спонтано, тешко е 3,5 килограми, а второто бебе беше женско на мајка од Прилеп.

bebe 6

На  гинеколошкото одделение во Клиничката болница во Битола се родија четири новороденчиња, а првото бебе  кое се роди  веднаш по полноќ е женско.

На сите нив денеска  градоначалникот на Битола,  д-р Владимир Талески им подари  букети свежи цвеќиња и парична награда во висина од по 10.000 денари.

-По прославата на новогодишната ноќ  на “ Магнолија “ во  Битола  дојдовме да ги посетиме нашите нови сограѓани.  Веднаш  по полноќ се родија  шест  новороденчиња.  На сите нив им посакувам многу здравје,  долг живот и успеси во животот- истакна градоначалникот Талески.

bebe 9   bebe 10

Ние како општина се радуваме на секое новороденче,  без разлика дали е од Битола,  или од околните градови.

На сите нив како општина ќе се трудиме да им овозможиме подобри услови за живот, истакна градоначалникот на Битола,  д-р Владимир Талески.

Инаку,  новогодишната ноќ во Битола  според зборовите  на директорот на Клиничката болница во Битола д-р Василие Најдовски помина мирно.

bebe 11   bebe 12

Во текот на ноќта дежурните служби имаа вкупно 14  интервенции.

Две лица,  од кои беа деца, поминаа со  повреди од  петарди,  4  се здобија со лесни повреди, а вкупно пет   беа во алкохолизирана состојба.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*