Don't Miss
Home / Вести / Тајниот извештај за коронавирусот во Вухан отвора многу прашања

Тајниот извештај за коронавирусот во Вухан отвора многу прашања

Во извештајот на американската разузнавачка служба се наведува дека неколку истражувачи од кинескиот институт за вирусологија во Вухан се разболеле во ноември 2019 година.

Во извештајот се наведува и дека овие лица биле хоспитализирани, а новите детали за интензитетот на симптомите што ги покажале може да создадат нова дискусија за потеклото на пандемијата на коронавирусот, потенцираат два анонимни извори запознаени со овој документ.

Во извештајот на Стејт Департментот составен за време на администрацијата на Доналд Трамп и објавен во јануари се вели дека кинеските истражувачи се разболеле есента 2019 година, но не се тврди дека биле хоспитализирани, пренесуваат светските агенции.

Во извештајот што официјален Пекинг го достави до Светската здравствена организација, кинеската влада тврди дека првиот пациент со симптоми на ковид-19 беше откриен на 8 декември 2019 година во Вухан.

Сепак, американската разузнавачка служба нема веродостојни податоци, зошто се хоспитализирани кинеските истражувачи.

– На крајот, дефинитивно со сигиурност ништо не може да се заклучи – велат американските разузнавачки извори.

Тие потсетуваат дека, Светската здравствена организација испрати тим експерти во Вухан да го испитаат потеклото на коронавирусот, како и една од теориите дека вирусот потекнува од една од најмодерните лаборатории во светот – Институтот за вирусологија во Вухан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*