Don't Miss
Home / Uncategorized / Талески ја почна (пред)изборната кампања

Талески ја почна (пред)изборната кампања

Актуелниот градоначалник на Битола,Владимир Талески кој ја најави својата кандидатура за својот четврт мандат веќе ја почна (пред)избoрната кампања.

Тој деновиве со поддршка само на два тројца негови вработени ги промoвира своите проекти.

Така вчера Талески  во ОУ “Коле Канински“ го промовираше својот нов проект со смена на стариот паркет во спортската сала.

Интересно е што Талевски во салата наместо нов паркет постави стар паркет.

Талевски својата кандидатура ја најавил се со цел да ги реализира сите своите почнати а недовршени проекти. Тоа се изградба на 48 нови фабрики во Жабени 1 и Жабени 2 на инвеститори од  Украина, Италија, Грција, Италија, Азербејџан, Кременчук, Турција, Австрија, САД, Австралија, Унгарија, Србија, Бугарија… изградба на подземна гаража под битолското корзо, катна гаража на Широк Сокак, голф терени кај Братиндол, 8 нови хотели на Ниже Поле, спортски центар од нова спортска сала, затворен олимписки базен, тениски игралишта, стадионот под Тумбе Кафе, изградба на нови влезови во Битола,реновирање на Копанки, изградба на Агро берза, нов Кванташки пазар, смена на сите азбесни цевки во водоводната мрежа, доизградба на киното Манаки, изградба на аеродром во селото Логоварди,полигон за полагање на возачки испити, нов град во Златниот рид, изградба на  стотици нови куки на блиски негови  роднини и пријатели кои купија парцели по 1 евро за квадрат, 12   хациенди на негови пријатели и бизнис другарчиња, изградба аква парк, нова противпожарна зграда, нова полициска станица, црква, панорамска кула, филмски град, студија за снимање филмови,оперска куќа,жичарница за Ниже Поле,обновување на возниот парк на ЈП Комуналец (со стари возила набавени од ЕКО), рестартирање на фирмата Полимер, која стопанисуваше со Новиот градски пазар, асфалтирање на нови 100 улици, изградба на канализацијата  во Зланиот рид, изградба  на нови обиколници кај Светонеделските гробишта, Ловец, Ат Пазар, изградба на споменикот за Турунџев, решавање на проблемот со Градскиот паркинг, крпење на големиот број дупки во градот, обновување на Бизнис Стартап центарот, пуштање на нови фонтани, раззеленување на веке пожолтениот градски парк, целосно реновирање на Тумбе Кафе, реновирање на ЗОО Битола,… посета на САД, Австралија, Брисел, Виена, Белград, Верона, Цирих, Јужна Америка, Африка, Кина… за привлекување на нови инвеститори.. и бројни други почнати, но недовршени проекти.

Според извори на порталот на Битолски весник наводно Талевски му дал збор на својот лидер Никола Груевски дека додека не ги заврши сите овие проекти тој немал намера да се откаже од трката за градоначалник.

На таквото ветување Талевски му дал чесен партиски збор на Никола Груевски.

Талевски притоа му дал збор на Груевски дека доколку биде кандидидиран за четврт мандат тој самиот ќе си ја финансирал градоначалничката кампања и дека веќе имал обезбедено буџет.

Многумина сметаат дека сите овие проекти за да ги реализира Талевски ке му требаат 100 годни, под услов во наредните  мандати да не предложи ни еден друг проект.

Сега останува дали на сите овие ветувања ќе му поверува Никола Груевски и дали ќе даде виза за неговата кандидатура.

Члновите на ВМРО ДПМНЕ и битолчани веќе се скептични и не веруваат дека Талевски ке ги доврши сите негови почнати но недовршени проекти. Кога тој не успеа тоа да го направи за 12 години, тешко дека ке ги заврши во четвтиот мандат, па дури и во ситуација како и сега  сите негови проекти покрај со пари од буџетот би ги финансирала и Светска банка, со чии пари сега Талевски ја урабнизира Касарната во Битола.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*