Don't Miss
Home / Uncategorized / Талески жртва на политички прогон

Талески жртва на политички прогон

Битолските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание, Зоран Илиоски и Лилјана Кузмановска, како и претседателката на општинскиот Совет Силвана Ангелевска и претседателот на ОК на партијата од Битола, Борче Димитровски денеска реагираа на одлуката за куќен притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески.

Според нив, битолскиот градоначалник е жртва на политички прогон и на заканите кои, како што рече, СДСМ со месеци ги врши врз судиите.

– Вчера бевме сведоци на тоа како под силен, бескруполозен, бесрамен и јавен притисок на СДСМ, судиите потклекнаа и донесоа одлука која не е базирана на закони и факти и нема никаква врска со реалната состојба и со почитувањето на правдата и законите, туку служи за дневно-политички потреби на неуспешните политики на СДСМ насочени против сопствениот народ и институциите на државата, рече Илиоски.

Тој на прес-конференцијата во Битола оцени дека Талески е жртва на класична судско-политичка манипулација со јавноста чија цел не е спроведување на законот, туку очаен обид на СДСМ по маратонската серија погрешни и неуспешни чекори, да ги мотивира своите приврзаници и членови кај кои Заев се повеќе ја губи поддршката.

Илиоски посочи дека сите знаат оти Заев барал поткуп и заедно со Верушевски се договарал да ја уништи Македонија, но оти се уште е на слобода.

– Дури и судиите знаат дека Зоран Заев украде осум милиони евра ама се уште е на слобода со аболицијата на Црвенковски кој директно ги спречи судиите да го процесуираат случајот „Глобал“ и да ја спроведат правдата. Сите видоа како криминалецот Зоран Заев јавно се заканува дека е над судството, дека нема да ги почитува судските покани и дека не ги признава судиите и се’ уште е на слобода. Зоран Заев е свесен дека два-триесетте платени поддржувачи кои блокираат улици не се народот. Тој е свесен дека од ден на ден ја губи поддршката од чесните социјалдемократи и знае дека народот нема да му го прости ова што го прави со државата, нагласи Илиоски.

Народот и овојпат, рече Илиоски, во име на правдата и вистината ќе застане во одбрана на градоначалникот Владимир Талески и во поддршка на контруктивните, патриотски политики на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*