Don't Miss
Home / Uncategorized / Градоначалниците од Пелагонискиот регион со поддршка за Талески

Градоначалниците од Пелагонискиот регион со поддршка за Талески

Градоначалниците на Ресен, Прилеп, Кривогаштани и Новаци денеска на прес-конференција ја истакнаа поддршката за градоначалникот на Битола.

petok.Still010-700x394

-Ние Градоначалниците од Пелагонискиот регион јасно и гласно ја изразуваме нашата поддршка  кон нашиот колега Владимир Талевски, кој е класична жртва на судско-политичка манипулација со јавноста, а чија цел не е спроведување на законот, туку очаен обид на СДСМ по бескрајните серии погрешни и неуспешни чекори да ги мотивира своите членови, но во исто време перманентно да нанесува штета врз институциите на ситемот, во овој случај штета врз Општина Битола.

Ние Градоначалниците од Пелагонискиот Регион многу добро знаеме кој е Владимир Талевски, впрочем тој во два мандата беше и Претседател на Пелагонискиот Регион, во чии мандати регионот започна да чекори кон функционално спроведување на активности и проекти насочени кон подигнување на квалитетот на животот на сите граѓани на регионот.

Во овие моменти на лудило предизвикано од чинот на политичкиот прогон, порачуваме дека вистината секогаш победува и дека ќе истраеме на патот кон градење  заеднички вредности и поквалитетен живот за сите наши граѓани. Оние, кои водени од приземни политички мотиви се втурнаа во хајка кон нашиот колега, еден ден ќе се срамат од своите постапки.

Водејќи се од девизата, дека ако ние не сме на власт тогаш држата слободно може да се разнебити, или да ја урнеме државата за да ги казниме сите оние кои не ни ја даваат довербата нам, структурите кои  се општо познати на македонската јавност, перманентно, политички мотивирани, селективно вршат обиди за спречување на функционирањето на институциите на ситемот. Дел од нив тоа го прават на улица , а дел сега започнаа и со притисоци врз судските органи, се со цел, да се доведат граѓаните до ситуација на револт и избезуменост заради наводно нефункционирање на системот.

Сметаме, дека тенденциозно изречената мерка на градоначалникот Талески, како и онаа претходна хајка врз секретарот на Општина Битола, претставува директен удар врз политиките на развој и просперитет на сите нивоа во државата, како и врз реализацијата на изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ која на последните локални избори во Битола доби поддршка од над 27.000 граѓани. Ваквата најблаго речено хајка, претставува и обид за спречување и кочење на сите развојни процеси во регионов, особено во периодов кога тука во моментов се реализираат огромен број значајни капитални проекти, главно од регионално значење.

Сигурни сме дека и овој пат ќе го надминеме и ова безумно премрежје, предизвикано од структурите кои имаат единствена цел-уривање, растурање и конечно, редефинирање на македонската држава преку актуелните нивни квислиншки потпомагачи и поддржувачи. на тој пат, бидете убедени дека ќе истраеме и ќе го дадеме нашиот максимум во зачувувањето на нашите вредности, препознаени од македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, кои уште во првата прилика, на првите наредни избори уште еднаш ќе ја казнат деструктивната и рушителна политика, изјави Ѓоко Стрезовски, претседател на Советот на Пелагонискиот регион.

 

Б.В.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*