По цели 22 години од аферата ТАТ и пропаѓањето на Штедилнцата тие деновиве донесоа одлука да се откажат од тужбата против државата, во која бараа враќање на нивните изгубени пари.
Оваа вест ни ја потврдија луѓето кои моментно се на чело на ТАТ и кои го претставуваат Здружението на необештетни штедачи.
Причината за откажување од тужбата против државата не е поради тоа што “татовци“ се откажуваат од своите изгубени пари, туку пред се заради високите судски такси кои требало да ги платат во судската постапка против државата.
Тужбата против државата ја поднесоа околу 80 штедачи на ТАТ, кои за поднесената тужба платиле судски такси од 120.000 денари.
Но пред да почне судскиот процес, од страна на судските органи “татовци “ биле известени од судот дека не можат во таква тужба да бидат застапени 80 штедачи и дека нивниот број треба да се сведе на поголем број групи штедачи од по најмногу 5 штедачи и сите тие да покренат посебни судски постапки.
Со оглед на тоа што судските трошоци за новите тужби биле доста високи, и за секое рочиште во Скопје биле потребни доста средства “ татовци “ одлучија да се откажат од тужбата и истата ја повлекоа.